Нешто "незадолжително" во Скопје! Настан што задолжително треба да се најде на Вашата агенда за концерти кои не смеат да се пропуштаат оваа година. Загрепската четворка, Casual Elvis, ќе си даде уште една шанса со нашата публика, за размена на инди-рок искуство, што ретко се нуди во македонските клубови.
Ова е еден од најоригиналните хрватски бендови, кој досега има настапувано со Archie Bronson Outfit, Destroyer (New Pornographers и Wolf Parade) и Jason Collett (Broken Social Scene, соработник на Feist). Составот, формиран во 2003 година, има редовни настапи низ поголемите градови во Хрватска. Во 2004 објавија демо-албум, а годинава се надеваат дека ќе го објават својот прв студиски албум. Својата музика ја дефинираат како микс на рокенрол со поп и американски фолк. Plagij.at почувствува потреба на нашата публика да и презентира бенд што е доволно моќен да ја ‘убие‘ зимската меланхонија, но и доволно лиричен за да го стопи мразот и студенилото што ја зафати метрополата.
Транскрибирано од нивниот јазик и преобработено од тоа што го пишуваат критичарите во Хрватска за нив, најавата би звучела полично, поемотивно и пореално од било која маркетиншка "патка". "Девојки и момци, доаѓаат "Незадолжителните Елвиси"...некои срца ќе бидат освоени, некои скршени... Шалата на страна, ваква музика понекогаш доаѓа добро, користена умерено, за да не одлетате. Рецептот е едноставен - донесете ја девојката или момчето што ви се допаѓа, на 27 јануари во клуб "Кастро", во 21 часот, шармирајте ја/го со приказни, турете по некoја чаша добро вино и слушате ги Casual Elvis. Девојката или фраерот засекогаш ќе бидат ваши. Доживејте ги како експеримент што мора да го направите, како авантура што се случува само еднаш, како рандеву што одамна било посакувано, како сон што мора да се досонува... Casual Elvis нека биде резулат на вашата спонатна одлука да направите нешто добро за вашите уши и срце. Fakat незадолжително!
На ова американа доживување како македонска подршка ќе настапат Јаболкото на даскалот, нов македонски бенд кој тукушто започнува да се пробива на македонската музичка сцена.