Ова е прв ден од остатокот на твојот живот (This is the first day of the rest of your life)… пее Брајан Молко (Placebo) на првиот сингл од новиот албум “Pictures” на германскиот продуцент и DJ Господинот TIMO MAAS. За овогодинешното издание на Таксират само за љубителите на електронскиот звук нудиме гооолемо освежување: Германскиот DJ, ремикс мајстор, супер продуцент, една од најважните личности на Германската транс и техно сцена – TIMO MAAS! Во својата долгогодишна кариера може да се пофали со добро познатите клубски хитови и бројните ремикси на некои од најпопуларните артисти на деншницата. Како негови соработници се вбројуваат Moloko, Placebo, Garbage, Moby, Kelis… дури и Madonna! Покрај сето ова, Timo Maas себе си се доживува повеќе како занаетчија отколку како алхемичар, никогаш потпирајќи се на својата слава, секогаш преистражувајќи се себеси. Најважно: Тој не врти плочи, туку повеќе од се, создава свој сопствен звук... постојано активен, неуморен, насекаде... “На секој настап, на секој еден сет и на се што продуцирам, Јас пристапувам како да ми се последни, а се тоа е возможно бидејќи 100% верувам во тоа што го правам. Ја сакам својата работа” – Timo Maas. Timo Maas не престанува да ги поместува конвенциите во современата клупска музика, играјќи се со своите trance основи и неочекуваните поп вокали, така поставувајќи нови стандарди на dance подиумите. Timo Maas дефинитивно стана еден од водечките светски продуценти и DJ-и, резидент e во најпознатите светски клубови како The End - London, Pacha - New York, DC 10 - Ibiza и многу други. Неговите синглови се едни од најпродаваните на пазарот, добитник е многу престижни награди за DJ или продуцент на годината, а секако тука се вбројува и номинацијата за Grammy. На 2 Декември TIMO MAAS само за Таксиратлии најавува и потпишува со договор: 4 (читај: ЧЕТИРИ) часовен сет. Бидете спремни! www.timomaas.com www.myspace.com/timomaas (тука е веќе најавен настапот на Таксират) (пс. ова е официјално инфо од литиум рекордс)
__________________
over thinking,over analazying separates the body from the mind