Бугарскиот диџеј Алекс Мечев моментно е во првите пет на листата на познати диџеи во Бугарија. Викендов ги забавуваше тетовчани во познатиот клуб"Рокси". Разговорот со бугарскиот диџеј го направивме во ресторанот "Тапас лаунџ" во Скопје. * Како помина на журката во Тетово? - Екстра. Имаше прекрасна публика која знае што е добро , а што не. Тоа го почитувам. Во Македонија сум гостувал неколку пати. Со задоволство прифаќам покана за гостување овде. Имате добри клубови. * А, како е во Бугарија? - Како диџеј работам од 96 година. Сум настапувал во многу познати софиски клубови како "Червило", " Инфорно", "Табако" и други. Клубовите се екстра, само публиката не е како вашата. Овде публиката знае како да се забавува. Некако се емоционални и експресивни. Тоа и фали на бугарската публика. * Што мислиш за нашите девојки? - Ех, признавам дека се секси и прекрасни танчерки. Македонките се пожешки од Бугарките. Кога играат да ти е мерак да ги гледаш. Природни се и спонтани. На колегите во Софија има раскажувам за вашите девојки. * Како стигна до првите пет најдобри диџеи во Бугарија? - Ха, ха, ха. Со врски. Се шегувам. Со работа и само работа. Кај нас нема агенции ниту менаџери за диџеи. Се правам сам. Успеав да наметнам еден западен стил во музиката што ја правам и тоа ми успеа. Диџејот треба да процени што публиката сака да слушне.Значи не треба да бидеш себичен, туку треба да им се предадеш целиот. З. Василевски